Корибко за „Телеграф": СДСМ бега од избори бидејќи нема поддршка од народот и знае дека ќе загуби

Андреј Корибко, еден од најпознатите руски аналитичари, во интервју за порталот Телеграф.мк ја анализира политичката ситуација во Македонија. Според него, демонстрациите во Скопје, Белград и во Бања Лука се дел од еден поширок план за дестабилизација на Балканот под покровителство на САД, додека пак „Шарената револуција“ во Македонија не ја исполнила целта да испровоцира отпор кај граѓаните за промена на режимот. 

Според Корибко кој е добар познавач на случувањата на Балканот, повеќе од очигледно е дека опозициската СДСМ не може да дојде на власт бидејќи ја нема поддршката од народот, но за САД е прифатлив партнер поради тоа што оваа партија лесно може да го промени уставното име на Република Македонија.

На прашањето за "Шарената револуција" тој вели дека можноста „Шарената револуција“ да премине во хаос и Скопје да се претвори во балкански Киев, нема јавни индикатори на кои би можеле да се потпреме во прогнозата. Сето тоа ќе зависи од одлуката на САД дали ќе го прифатат поразот во рацете на мирните патриоти или ќе им наредат на нивите застапници да ја интензивираат дестабилизацијата. Според него, ако САД продолжат со ескалацијата на агресијата и со промена на режимот во земјата со помош на нивните марионети, тогаш тоа би можело да се чита како беспогрешен знак за тоа колку САД се плашат од овие проекти, како и за очајните мерки да ги запре.

На прашањето која е причината што предвремените избори беа двапати одложени и има ли опозицијата поддршка однадвор, Карибко изјавува: 

- Претседателот Иванов ги одложи минатите избори во критичниот момент кога „Шарената револуција“ беше на работ да се спои со албанскиот тероризам. Исто така, се купи време за македонските безбедносни служби да се приспособат на катастрофалното сценарио на хибридна војна против урбаната „Шарена револуција“ и руралните албански терористи кои се чини дека се дел од американскиот план „Б“ за Македонија. Таканаречената опозиција во Македонија не сака демократски избори поради тоа што е јасно дека секогаш ќе ги губи. Наместо тоа, сакаат да ги украдат гласовите со дисквалификација на кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ преку една еднострана и политички мотивирана канцеларија на специјалното обвинителство. Претседателот Иванов брзо сфати како оваа институција тајно функционира за да овозможи промена на режимот и затоа тој првично издаде помилување пред неколку месеци. Потоа тој ја поништи одлуката, што се должи на поларизацијата создадена од американски и НВО-информации за да се предизвика антивладино расположение, вели рускиот аналитичар за Телеграф.

Како што стојат работите, СДСМ никогаш легитимно нема да победи на демократски избори во Македонија, додава тој.

На прашањето, постои ли врска помеѓу протестите што се одржуваат во Скопје со тие во Белград, Подгорица и во Бања Лука, Карибко одговара: - Демонстрациите во Македонија, Србија и во Босна и Херцеговина, во Република Српска, се дел од планот на САД за дестабилизација на Балканот, додека пак оние што се одвиваат во Црна Гора се за да застанат против претстојното членство на земјата во НАТО. САД ги избира балканските земји поради нивната соработка со Русија и Кина и нивните балкански мегапроекти. Ова директно објаснува зошто Македонија и Србија се сега во еден вид процеп, иако мора да се нагласи дека силите за борба против Владата во Скопје имаат многу поголем потенцијал да предизвикаат насилство и далекосежни немири од оние во Белград. Што се однесува до Република Српска, дестабилизацијата на оваа автономна република во функција на САД ќе биде мамка за провоцирање на Србија под услов Вашингтон да донесе одлука целосно да ја дестабилизира Федерацијата на прво место.

Околу влијанието на Русија на Балканот Карибко вели дека Русија веќе има свое влијание на Балканот и тоа го прави на повеќе начини. Прво и најважно, Русија од 2010 е многу поинаква отколку во деведесеттите години на минатиот век, посебно во довербата што ја има во меѓународните односи. За разлика од неорганизираната и корумпирана земја под Елцин, Руската Федерација под претседателот Путин ги надмина своите домашни предизвици и сега е во состојба да има влијание и надвор од своите граници.

Руското присуство на Балканот може да се забележи во многуте цивилизациски врски што го врзуваат со регионот, во културни, верски, етнички и историски области. Покрај тоа, Русија е главен енергетски партнер за поголемиот број балкански држави.

Што се однесува до Република Македонија, ако се прифати дека Москва е глобален штаб за борба против обоените револуции, стратегија и технологија, тогаш би можеле да шпекулираме дека руските служби на безбедност имаат непотврдена и дискретна соработка со своите македонски колеги.

Целосното интервју на ТЕЛЕГРАФ.МК

 
 
13.07.2016 - 09:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега