Конечно се реши случајот: Пронајден чеканот со кој Драгана била ѕверски убиена
Србија дефинитивно се спаси од сериски убиец откако тој заврши зад решетки. Владица Р. монструмот кој ја уби малата Ангелина, за жал не го направил само ова ѕверско дело. Кај него е пронајден и чеканот со кој била убиена 47-годишната Драгана Стенковиќ на 18. јуни.
Во тракторот со кој се возел убиецот, е пронајден чеканот со кој е извршено свирепото убиство, но и мобилниот на несреќната жена, која е неговата втора жртва за која тој и сам го призна убиството.
Тој ја удрил со чеканот и таа загубила свест, паднала, а тој ја задавил, ја ставил во јорган и ја фрлил во река.
Потоа, ја уби и малата Ангелина која имаше само три години. Ја силувал, мачел и со камен буквално и го прснал черепот.
Поради начинот на убиствата, полицијата се сомнева дека тој ја убил и Јелена Крсмановиќ Марјановиќ на која и бил голем фан.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа