Цеца за прв пат отворено раскажа за својот љубовен живот и врските кои ги имала со неколку мажи
Не сакам да оставам впечаток на тажна вдовица, но веќе 17 години живеам сама и за тоа време не се обидував да основам заеднички живот со никого, вели Цеца
Пејачката во интервјуто за српската телевизија „Прва“ за прв пат откри детали од својот љубовен живот.
Слободна жена сум и можам да бидам со кого сакам. Не ми е прв пат да ме спојуваат со пријателите. Не сакам да испаднам препоштена во очите на народот нити сум се ветила на целибат. Имав неколку врски, некои траеа подолго а некои пократко. Не сакам да го експонирам својот приватен живот. Тоа е нешто само во врска со мене. Од друга страна, можев и да се омажам неколку пати, но тој кој не е свесен дека Жељко е татко на моите деца и дека него највеќе сум го сакала, не би можел да биде со мене, раскажа таа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа