Нов капитален проект во Скопје: Ќе се гради излез од Ѓорче Петров кон обиколница

Нов капитален проект се планира да се направи во Скопје. Станува збор за изведба на нов излез од населбата Ѓорче Петров кон обиколница.

Сообраќајната студија веќе е направена и се очекува реализацијата на овој проект да започне во 2019 година, а доколку има можност и порано во 2018.

Проектот предвидува новиот излез да започне со продолжување на булевар „Илинден“. Исто така да се изгради и нов мост на Вардар. Потоа излезот да поминува низ населбата Ѓорче Петров покрај Лепенец, за на крај да излезе на скопската обиколница.

Овој крупен проект кој е важен и за општината Ѓорче Петров и за Градот Скопје, иако не беше ветен сепак ќе се реализира, а бенефит од него ќе имаат граѓаните.

Минималната вредност на проектот се предвидува дека ќе биде околу 10 милиони евра.

 
 
12.07.2016 - 17:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега