Орел се обиде да грабне дете - родителите во паника
Орел во еден парк во централна Австрија се обиде да одлета со дете кое претходно со канџите го фатил за главата и дуксерот.
Групата на луѓе кое заедно со детето учествуваше во популарна програма „Запознавање со дивината“ го проследија страшниот призор во кој орелот се обидува да го грабне детето кое успеало без повреди да се спаси.
Детето за кое се верува дека е на возраст помеѓу 6 и 8 години, се здоби само со површи гребнатини на лицето.
Од паркот препорачале детална истрага за инцидентот, како и дека орелот повеќе нема да биде дел од таа програма.
12.07.2016 - 17:02
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа