Хит видео: Го спречи крадецот да го ограби на урнебесен начин

 

Храбар сопственик на продавница за брза храна во Крајстчрч во Нов Зеланд, Ахмед, успеал да спречи вооружен крадец да го ограби така што, верувале или не, го игнорирал.

Додека маскираниот крадец стоел пред пултот држејќи пиштол во раката, Ахмед одлучил за тоа време да услужи друг потрошувач кој во тој момент се наоѓал во продавницата.

- Човекот сакаше да ме уплаши, но јас одлучив да не му дозволам. Му ја додадов на муштеријата храната бидејќи сакав што побрзо да ја напушти продавницата за да не се најде во опасност, изјави Ахмед за Гардијан.

Ахмед во Нов Зеланд дошол со семејството од Египет пред 20 години и ја отворил продавницата за брза храна „Вкусот на Египет“ во Крајстчрч. Во моментот кога се случил инцидентот бил сам и подготвувал пилешко суфлаки кое го нарачал муштеријата.

- Срцето забрзано ми чукаше, но не сакав да му покажам дека сум исплашен. По природа сум многу смирен. Во Нов Зеланд живеам 20 години и никогаш не сум присуствувал на тепачка. Во Египет тепачките се најнормална работа, но тука тоа го нема и поради тоа се чувствувам сигурно, рече Ахмед.

По инцидентот Ахмед ја затворил продавницата, а полицијата интензивно го истажува целиот случај.

 
 
12.07.2016 - 15:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега