Усмртил бебе поради кавга за паркинг место

 

Во Кина се случи страшен инцидент кога нервозен човек се скарал со жена за паркинг место па и ја тргнал количката со бебето, при што тоа паднало и починало од ударот.

Човекот и засвирел на жената да се тргне, но таа не се тргнала, по што излегол од колата и почнал да се расправа со мајката која му рекла дека е непристоен, по што го извлекол бебето од количката и го фрлил на земја.

- Бебето беше мирно и неподвижно откако го фрли на земја. Ни не заплаче од болка,раскажува уличен продавач на весници  кој бил на местото на настанот.

Инаку, мајката веднаш го однела бебето во болница, но за жал докторите можеле само да констатираат смрт.

најчитано сега