Мајка-монструм го призна убиството на осум новороденчиња

 

На судењето на брачната двојка осомничена за чедоморство во градот Кобург, мајката Андреа Г. призна дека убила осум бебиња, чии тела беа пронајдени во семејната куќа во покраината Баварија, на југот од Германија.

Германското обвинителство ја товари мајката за убиство на четири бебиња.

Според изјавата на адвокатот на обвинетата, таа признала дека децата ги обвиткувала со пешкири по што телата ги чувала во пластични вреќи во една од собите на семејната куќа.

Нејзиниот 55-годишен поранешен сопруг одговара за соучесништво во убиствата. Јавното обвинителство против двајцата покрена обвинение за „Сексуална себичност, индиферентност и нечувствителност“ при третирањето на постојаната бременост на мајката во периодот од 2003 до 2013 година, јавува дописникот на МИА од Берлин.

Екс брачната двојка не сакала да има повеќе од нивните деца од првите бракови по што продолжиле со сексуални односи без контрацепција или стерилизација по што дошло до чедоморство за кое пресудата треба да биде донесена на 20 јули.

 
 
12.07.2016 - 14:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега