Коњаниците на чело со Тарчуловски денеска тргнуваат кон Крушево

 

Денеска на чело со Јохан Тарчуловски 25 коњаници ќе тргнат од дворот на општина Аеродром кон Крушево каде ќе се одржи централната манифестација по повод 2 август - Илинден.

Во чест на коњаниците на 35.Илинденски марш ќе се одржи културно-уметничка програма, а тие во црквата „Свети Петар и Павле“ во Горно Лисиче ќе добијат благослов од претставници на Македонската православна црква.

Учесниците на Илинденскиот марш традиционално ќе бидат придружувани и од фалангата составена од 20-тина членови.

ФОТО: Сител

 

најчитано сега