Професорот пристигна на час со две минути закаснување: Целиот клас беше вознемирен и бесен...

 

Ова е лекција за скромност која мора сите да ја знаеме и да ја применуваме во текот на животот. 

Еден ден професорот во најдоброто медицинско училиште стигнал на предавање и им најавил на студентите дека ќе им даде тест. Сите негодувале, но најдобриот студент бил единствениот кој не се бунел: се чуствувал сигурно во себе и во своето знаење. Го погледнал целиот тест и го решил без никаков проблем, но потоа стигнал до едно прашање. Пишувало, „ Кое е името на хигиеничарката во нашата зграда? 

Стдентот се насмеал, ова мора да е некоја шега, си помислил. Ова рпашање не може да носи некои бодови зар не? Професорот сигурно се шегува. Го знаеше лицето на жената која ги чисти ходниците и училниците но немал поим за нејзиното име. Го остави последното прашање празно. 

Другите колеги го прашале професорот: „ Последното прашање не носи бодови? професорот промрморел, „ Нормално дека носи“ Видете во вашите кариери ќе сретнете многу луѓе. И секоја личност е важна - секогаш. Сите заслужуваат признание, па дури и насмевката која ја упатуваме едни кон други секојдневно кога поминуваме. 

Сите до еден ученик ја запамтиле оваа животна лекција. Инаку, точниот одговор на прашањето е: Мариана. 

Ова навистина е прекрасно потсетување дека на сите ни е потребно признание за трудот од време на време. Не е секоја работа гламурозна, но многу луѓе напорно работата, а нашиот живот би бил многу комплициран  да ги нема сите тие луѓе кои рабтоат во „позадина“. Треба да се почитуваме едни со други. 

 

 

 
 
12.07.2016 - 13:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега