ВИДЕО: Четири загинати и десетици повредени во директен судар на два воза
Најмаку четворица загинаа, а повеќе десетици се повредени во директен судар на два воза на југот на Италија, објавуваат денеска локалните медиуми.
На лице место стигнала полицијата и брзата помош, кои им помагаат на повредените, пренесува сајтот РТ.
До несреќата дошчп на пругата помеѓу градовите Руво ди Пуља и Корато, во близина на Бари, на брегот на Јадранското море.
Сеуште не е објавено колкава е точната бројка на повредени во несреќата, но регионалните возови кои возат на линија се полни во утринските часови.
12.07.2016 - 13:02
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа