Од голи фотографии до насловната на Форбс: Нема талент, а заработи 45 милиони долари

 

Верувале или не, Ким Кардашијан ја краси насловната страна на новиот број на Форбс.

Еден од највлијателните бизнис списанија на светот ја претставува Ким како нова могула во светот на мобилните апликации, затоа што старлетата од своите апликации заработи неверојатни 45 милиони долари.

Насловнатга страна на својот Инстаграм ја подели и Ким, и напиша како нејзиниот покоен татко би бил доста горд да ја види во ова издание. Ким се нашали како ова и не е лошо за жена без талент, а фановите и хејтерите на славната старлета коментираа дека е чудно да ја видат на насловна, а да не е гола.

 

 
 
12.07.2016 - 12:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега