Жерновски одлучи да се стопира изградбата на катна гаража кај „Бристол“

 

Денеска градоначалникот на Центар Андреј Жерновски изјави дека донел одлука да се стопира изградбата на катна гаража кај Бристол.

- Висококатницата за администрацијата е исклучиво во надлежност на централната власт и ингеренциите на општината тука се никакви. Дојдовме и до изгледот на катната гаража, во барокен стил. Донесов одлука за стопирање на изградбата на катната гаража, која треба да оди преку Советот на општината, објасни градоначалникот  Жерновски. 

- Нема да дозволиме узурпација на Центар, имаме јасен став, а тој е дека нема да продолжиме да бидеме послушник на централната власт. Не сакам да се плаќаат пенали или да има тужби, но мора да застанеме на нозе и ревизијата за „Скопје 2014“ мора да и биде приложена на јавноста. Граѓаните мора да дознаат на кој начин се трошеле нивни пари за тој проект, тоа се нивни пари, рече денеска Жерновски.

најчитано сега