Нова инвестиција со 300 вработувања во Крушево
Покрај трите инвестиции кои ќе вработат до крајот на годината 100 луѓе во општината Кривогаштани и исто толку сезонски работници, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски при посетата на Крушево потврди дека се работи на уште една инвестиција на најголемата грчка компанија СЕКЕ која за Крушево ќе значи нови 300 вработувања.
Тој информира дека компанијата веќе работи во објект кој го изнајмила и веќе врши откуп на тутун.
Покрај крушевската, три нови инвестиции ќе се реализираат во наредниот период во општината Кривогаштани, кои беа објавени вчера. Само во првата година треба да отворат најмалку 100 редовни работни места и дополнително најмалку 100 сезонски.
Едната е за преработка на земјоделски производи и е вредна околу 1,5 милион евра, втората инвестиција е исто така за преработка, но за суви и смрзнати земјоделски производи и е инвестиција вредна околу еден милион евра од наш иселеник кој потекнува од овој крај. Третата инвестиција е онаа на компанијата „Везешари“ која вкупно е вредна околу три милиони евра.
Сопственикот Рубинчо Благоевски кој ќе инвестира во преработувачки центар за замрзната храна планира производите да ги пласира на странските пазари.
Сопственикот на „Везешари“ Арбен Абдурахмани кој ќе инвестира во капацитет на преработка на месо и во прва фаза ќе вработи 70 луѓше е исклучитело задоволен од поддршката на македонската влада.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа