Внимавајте: Почнаа да снимаат камерите на раскрсниците во Скопје

Зеленото светло на скопските семафори доби продолжено време на работа, барем онаму каде има најголем метеж. Градските камери започнаа со снимање..гужвите во сообракајот од денеска остануваат минато, ветуваат градските власти. 16 раскрсници во Скопје се под будното око на центарот за управување и контрола во сообраќајот. 

Камерите ќе ги користи и полицијата. Ако досега со сопствените покренале над 26 илјади постапки против возачите, очекуваат овие камери дополнително да влијаат на безбедноста во сообраќајот.

До Октомври годинава во функција треба да бидат ставени камери на вкупно 90 крстосници во главниот град.

26.07.2013 - 23:15