Турски филозоф: Неморално и непријатно е трудница да се појави во јавност
Турски филозоф, Омер Тугрул Инанчер, ја разгневи јавноста со својата изјава дека трудниците не смееле да излегуваат за време на бременоста.
- „Тоа не е естетски. По 7-8 месеци бременост, трудниците би требало да излегуваат само со автомобил со своите мажи за да фатат малку воздух, но тоа да го прават кога ќе се стемни. Наместо тоа, ги гледаме на телевизија“, изјавил Инанчер во разговорот за турската телевизија ТРТ и го предизвикал гневот на јавноста.
Турците остро ја осудија оваа изјава.