Роднините на малиот Алмир апелираат: Нема потреба од протести, да се сочува спокојството

Под мотото „За правда“ во Куманово во тек е протестен марш во чест на четиригодишниот Алмир Алиу, кој почина откако беше прегазен со автомобил.

Протестот што го организира граѓанската органзиација „Зери“ започна во 15 часот пред Гимназијата „Сами Фрашери“, па низ центарот на Куманово продолжи кон Судот.

Семејството на Алмир претходно апелира случајот да не се политизира и да не му се дава етнички предзнак.

– Нема потреба од протести. Тоа што требало да се случи, се случи. Ние немаме работа со лицето што го згази Алмир, со него сега си има работа државата. Му оставаме на судот, судот да ја одлучи правдата. Нашата порака е да се сочува спокојството, почитта и мирот. Ние не сакаме ова да се претвора на национална основа и не сакаме да се одмаздиме. Единствено нешто што сакаме е правдата да излезе во јавноста и криминалецот кој го извршил ова дело да се казни, велат роднините на малиот Алмир.

Четиригодишиот Алмир Алиу почина во петокот на клиниката во Скопје, поради нанесените повреди од намерен удар со автомобил од страна на осомничениот Б.И. Основниот суд во Куманово на осомничениот му одреди 30-дневен притвор.

 
 
04.07.2016 - 16:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега