Шоканти детали за 11 септември: Снимател тврди дека во САД знаеле за нападот на кулите (ВИДЕО)

Синмател на кој му даден посебен пристап до Кулите близначки после рушењето тврди дека поседува снимка која докажува дека администрацијата на Џорџ Буш е одговорна за терористичкиот напад на 11 септември 2001 година.

Курт Соненфелд тие денови работел со американското министерство за внатрешна безбедност. Добил неограничен пристап до срушените згради и кажано му е да сними се што ќе види.

Меѓутоа, никогаш не ги предал снимките затоа што тврди дека има необориби докази дека Владата на САД однапред знаела дека ќе случи теорирстички напад.

Како што наведува Соненфелд, под Светскиот трговски центар наишол на празен сеф кој е испразнет пред ударот на авинот, што укажува на тоа дека се знаело за нападот.

После тоа, животот на Соненфелд почнал да се распаѓа. Уапсен е поради убиство на својата жена која е пронајдена со куршум во главата. Иако обвинението покасно е повлечено, тој ја напуштил земјата и избегал во Аргентина поради страв дека ќе го уапсат или замолчат.

„Во едно сум сигурен. Тајните служби знаеле што ќе се случи и во најмала рака дозволиле да дојде до тоа“, изјави Соненфелд во еден документарец снимен во Аргентија. „Не само што знаеле, туку и учествувале во тоа“, додава тој.

Слични тврења како Соненфелд имале и други луѓе пред него, но тие секогаш се окарактеризирани како теории на заговор. Исто така, многу се уверени дека Соненфелд со бегството во Јужна Америка се извлекот за убиството на жена му. Правата вистина можеби никогаш нема да се дознае.

 
 
04.07.2016 - 11:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега