Ова е најтрогателната порака до Меси (ФОТО)

Седумгодишниот Лучи го моли легендарниот Лионел Меси да се предомисли и да се врати во репрезентацијата на Аргентина.

Сонародниците на Меси ширум светот го молат да се предомисли и да остане во националниот тим кој би натпреварувал на Светското првенство во Русија во 2018 година.

Една од најтрогателните пораки испратена до Меси е од седумгодишниот Лучи кој боледува од тумор на мозокот.

Момчето ги прашало родителите дали може да се слика со дресот на Аргентина и да му прати на Меси порака.

-Драг Меси, јас не се откажувам иако сум мал. Немој ниту ти кога си голем. Те сакам, Лучи, гласи порака до Меси.

 

 
 
04.07.2016 - 10:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега