Стипендии за талентирани студенти од македонски компании

Талентирани млади лица добиваат можност за стипендирирање од најдобите македонски компании, преку програмата  NewMan’s Got Talenт на „Њуменс бизнис акцелераторот“.

Програмата е креирана да одговори на потребите на младите и да ги поврзе успешните македонски компании со талентирани студенти кои имаат потенцијал да станат врвни професионалци и значајни вработени, соопшти денеска Њуменс бизнис академијата.

До крајот на септември ќе се одржат повеќе обуки и две тестирања од што резултатите ќе се објават јавно. Само најдобрите ќе продолжат во финалето каде што ќе имаат можност да ги презентираат своите квалитети и знаење со цел да освојат до 100 процентна стипендија и шанса за вработување во некои од најдобрите компании во Македонија. 

Првото тестирање ќе се одржи во четврток во просториите на „Њуменс бизнис акцелераторот“. Академијата во акцелераторот оваа учебна година ќе понуди 10 програми:  Бизнис академија (корпоративни иновации и претприемништво,  дигитален маркетинг и продажба), tech академија  (front-end Web development, back-end web development,  развој на мобилни апликации, компјутерски мрежи и виртуелизација), како и креативна академија (графички дизајн и бренд идентитет, 3Д моделирање и анимации, како и визуелни ефекти и пост-продукција) 

Со следење на некоја од академиите, истакнуваат од Њуменс академијата,  се создаваат можности за пракса и вработување во држава, Европа и САД кај компании што ги стипендирале или пошироката листа на партнери и соработници.

Од Њуменс бизнис акцелераторот истакнуваат дека процесот за да се најде вистински вработен и да се биде задоволен со соработката на долг рок е истоштувачки и скап за компаниите,  а во Македонија, посочуваат, се’ уште нема интегриран процес од школување до вработување на сите креативни и талентирани млади луѓе на кои што им треба поддршка за да ги развијат своите вештини.  - Сликата која што ја забележуваме во Македонија е 67,3 проценти невработеност на млади со високо образование, 71,6 месеци во просек од школување до вработување и 40 проценти од вработувањата на младите се на позиции кои што се несоодветни со нивното образование, се вели во соопштението

 
 
04.07.2016 - 10:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега