Според правилникот гласачките ливчиња се бројат во СПУКМ
СДСМ и платениците продолжуваат со своите сценарија за делегитимирање на изборот за Претседател на студентите на Универзитететот Св. Кирил и Методиј.
Од постоењето на СПУКМ и организирањето на избори за нивни лидер, но и според правилникот за спроведување на избори, гласачките кутии, запечатени се носат во просториите каде што е сместена изборната комисија каде што официјално се пребројуваат гласовите од изборниот процес.
Таканаречениот Студентски пленум и членовите на СДСМ по завршување на изборите за Претседател на студентите продолжи со своите сценарија и пред канцелариите на СПУКМ. Околу 15 “студенти“ го блокираа внесувањето на избирачките кутии во просториите на СПУКМ каде што е сместена изборната комисија за овие избори.
Според наши информации од терен, Студентскиот пленум предизвикал поголем инцидент при носењето на гласачки кутии од страна на изборните комиссии кои го спроведуваа гласањето.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа