Царнаев префрлен во затвор

 

Џохар Царнаев кој беше осомничен за бомбашките напади во Бостон, беше префрлен во затворот Форд Девенс од бостонската болница една недела по неговото апсење. 

Чеченецот, беше ранет во престрелка со полицијата неколку часа, откако властите објавија снимка на Џохар и неговиот 26 годишен брат Тамерлан, како главни осомничени за двете експлозии, кои избувнаа на 15 април за време на маратонот во Бостон, при што загинаа три лица, а над 200 беа ранети.

Тамерлан Царнаев загина во престрелка со полицијата. Џохар е официјално обвинет за нападот. 

ФОТО: Утрински весник

најчитано сега