Попоски: Излезот на Британија од ЕУ за Македонија ќе значи загуба на еден поддржувач во процесот на проширување

Излезот на Британија од ЕУ за Македонија ќе значи загуба на еден поддржувач во процесот на проширување, вели во изјава за Press24 министерот за надворешни работи Никола Попоски

„Се работи за одлука единствено на Британските гласачи и даночни обврзници. Каква и да е, треба да се почитува. Секако, за Европската Унија такво сценарио значи загуба на значајна земја членка. За Балканот и за Македонија пак, значи загуба на еден поддржувач на процесот на проширување. Очигледно треба да се чујат и забелешките на тие кои ценат дека постои демократски дефицит во носење на некои политички одлуки за Европа“ – вели Попоски за Press24 и додава дека во Македонија треба да продолжиме да го правиме тоа што нам ни е во интерес и нам ни одговара.

„Да бидеме конкурентни и вклучени во рамки на најбогатиот заеднички пазар во светот и со тоа да создаваме подобри можности за работа и стандард на Македонските граѓани во Македонија“ – вели Попоски за Press24

 
 
24.06.2016 - 12:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега