Годишни извештаи на три собраниски комисии

Годишни извештаи за работата на повеќе институции и агенции денеска се на дневен ред на собраниските комисии за политичка систем и односи меѓу заедниците, за труд и социјална политика и за транспорт, врски и екологија.  

На дневен ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците се годишните извештаи за работата на Советот на јавните обвинители на Република Македонија и за работата на Државната комисија за спречување на корупцијата во 2015 година. 

Годишниот извештај на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување во 2015 година е на дневен ред на Комисијата за труд и социјална политика.  

На дневен ред на Комисијата за транспорт, врски и екологија се годишните извештаи за работата на Агенцијата за пошти, на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и на Агенцијата за електронски комуникации за 2015 година. 

 
 
23.06.2016 - 08:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа