Сите плачеа до малиот бел ковчег - Погребан 4-годишниот Стефан
Од овие фотографии ќе ви препукне срцето од тага. Вчера беше погребан малиот Стефан Писаровиќ, кој замина во смрт на само 4 годинки.
- Сине мој, љубов моја единствена. Те закопаа, а си мое се. Сине што ќе правам без тебе. Не ме оставај, лелекала мајката која едвај се држела до ковчегот.
На погребот освен семејството, се собрале и сите соседи и мештани на селото каде живее Стефан, кои со солзи и длабока тага го испратија малото момче во вечниот дом.
Никој не може да поверува каква трагедија се случи, сите се уште во шок. Соседите велат дека неговите мајка и татко се прекрасни и скромни луѓе, и дека оваа трагедија навистина тешко ќе ја преболат.
- Сигурно било момент на невнимание, тие добро се грижат за децата, велат соседите за српскиот Курир.
Трагедијата се случи додека Стефан беше со родителите кај пријатели, при што се лизнал и паднал во канал.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа