ТРАГЕДИЈА: Светот во шок, екстремист го уби познатиот пејач

 

Вооружен маж го убил во Карачи познатиот пакистански суфи пејач Амџад Сабри, соопшти пакистанската полиција.

Сабри е убиен со огнено оружје во својот автомобил, а неговиот брат, кој бил со него во возилото, е ранет за времето на нападот, се наведува во соопштението.

Тој и неговиот покоен татко, Гулам Фарид Сабри, беа познати изведувачи на кавали музика, правец кој има корени во суфизмот, односно во исламскиот мистицизам.

Исламските екстремисти го отфрлаат суфизмот, а неговите припадници често се мета на напади на исламистите.

Карачи веќе подолго време е на удар на бран насилства од исламистичките милитанти, сепаратисти и криминални банди.

 

 

 
 
22.06.2016 - 21:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега