ЕУ создава нова европска гранична служба

 

Советот на ЕУ соопшти дека го одобрил предлогот на Европската комисија за оспособување на нова гранична служба на Унијата, која ќе го замени Фронтекс.

За да стапи на сила одлуката за создавање на новата структура, треба да биде поддржана од Европскиот пармалент и да мине низ уште една процедура на гласање од министрите на ЕУ.

Предлогот предвидува новата гранична служба да има овластување да извршува операции за потрага на мигранти кои нелегално влегле во регионот.

Службата ќе располага со 1.500 гранични службеници во одделни држави на ЕУ, подготвени за распоредување во многу кратки рокови.

 
 
22.06.2016 - 17:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега