МВР презема мерки за оштетувањата од завчерашниот протест

 Министерството за внатрешни работи (МВР) попладнево соопшти дека се преземаат мерки за оштетувањата направени во текот на завчерашниот протест што го организираше граѓанското здружение „Протестирам“.

Според МВР, оштетувањата на објектите на Министерството за правда и на Собранието на Република Македонија, како и на споменикот „Прометеј“ во паркот „Жена борец“ се фотографирани, а направени се и записници и фотоалбуми.

- Неколку од учесниците во протестот со фрлање бои и со употреба на разни предмети го оштетиле објектот на Министерството за правда. Скршиле и неколку стакла од прозорците. Потоа, толпата на граѓани се упатила кон Собранието на РМ каде исто така дел од лицата со употреба на чатал фрлале балони наполнети со боја при што била оштетена фасадата. Околу 21:20 часот наспроти објектот на Собранието на РМ, во паркот „Жена борец“ дел од насобраните граѓани од споменикот ,,Прометеј“ ги тргнале платното и дрвените штици поставени на металното скеле околу и со употреба на бои и разни предмети го оштетиле, но биле спречени во натамошните постапки со интервенција од Единицата за брзо распоредување, наведува МВР.

Протестот е снимен, преземени се видео материјали и фотографии од отворени извори на податоци (интернет) за што е сочинето ЦД со видео запис. Од страна на полициски службеници при СВР Скопје кои службено биле ангажирани за обезбедување на протестите, препознаени се неколку лица кои ги вршеле оштетувања на објектите.

За натамошна постапка, дополнително ќе бидат набавени видео записи од безбедносните камери поставени во непосредна близина на Министерството за правда, Собранието и  споменикот на „Прометеј“ за периодот од 18 до 22 часот кога, како што истакнува МВР, се извршени  оштетувањата

ФОТО: Вечер

 
 
22.06.2016 - 16:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега