Овој вулкан е темпирана бомба: Ако дојде до ерупција, следи најголемата катастрофа во Европа (ВИДЕО)

Ерупцијата на вулканот во Исланд може да се случи во секој момент, а експертите за геофизика предупредуваат дека тоа би довело до катастрофални последици.

Хекла, вулканот кој се наоѓа на југот на Исланд, последен пат бил активен во 2000 година и научниците предупредуваат дека се заканува нова ерупција која би можела да донесе проблеми во воздухопловниот сообраќај.

Професорот по геофизика на Универзитето Исланд, Пол Ајнарсон, ги предупредува туристите да не се качуваат на вулканот.

„Хекла е опасен вулкан. Ако не бидеме внимателни, може да дојде до катастрофа при следната ерупција. Денеска, група туристи го посетуваат вулканот во текот на целото лето. Имаме и 20-30 патнички авиони кои надлетуваат над Хекла секој ден“ истакна професорот.

На 50-тина километри од Хекла  се наоѓа активниот вулкан Ејафјалајокул. Ерупцијата на тој вулкан во 2010 година исфрли огромна количина на вулкански пепел во атмосферата. Тога поголем дел од Европа беше присилен да забрани летови на патнички авиони, а тоа се одрази многу на прекуатлантскиот сообраќај.

Во периодот од 14 до 25 април таа година беа откажани сите летови затоа што вулканската прашина може да нанес големи штети на моторите на авионите. Таква стога забрана не беше забележена од завршувањето на Втората светска војна, а милиони патници ширум светот останаа заробени на Аеродромите.

 
 
22.06.2016 - 14:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега