ФОТО: Им експлодирал фрижидерот - им ја урнал пола куќа
Страшна несреќа на пеколните горештини се случи во Краљево. Фрижидер експлодирал во куќа, при што дел од куќата е целосно уништен, но за среќа нема повредени.
Силна експлозија го разбудила 82-годишниот Младен и 76-годишната Јулијана, кои останале шокирани од она што го виделе. Нивниот фрижидер експлодирал и разнел половина од куќата. Тие прво помислиле дека се работи за експлозија во стан на соседите, но потоа сфатиле дека штетата е направена кај нив.
Тие велат дека едвај крпат крај со крај а сега несреќата ги направила нивните животи уште потешки.
Среќа е што никој од нив не бил во близина, бидејќи ќе било голема трагедија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа