Избегната голема трагедија - возач спаси мигранти од камион-ладилник
-Грчката полиција денеска соопшти дека во камион-ладилник што превезувал дињи за Италија, биле пронајдени седум тинејџери од Авганистан.
Мигрантите, на возраст од 15 до 17 години, биле откриени близу грчкиот град Месолонги, кога возачот, инаку српски државјанин, забележал удари по ѕидовите во ладилникот и веднаш потоа ја повикал полицијата.
Според полициски извори, мигрантите биле внесени во камионот од страна на криумчари, додека возачот бил на пауза.
Над 50.000 мигранти и бегалци се заглавени во Грција по затворањето на балканската рута во март.
22.06.2016 - 12:27
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа