Старица тргнала да ги коли социјалните работници - во последен час спречено е вистинско крвопролевање
Вулгарни и вербалн напади, закани, но и физичка пресметка со ладно оружје врз вработените стана секојдневие во Центарот за социјална работа во Кикинда. Во понеделникот се случила вистинска драма во оваа установа, кога старица М.К од околината на Кикинда влегла во Центарот и била решена со нож да им наштети на вработените.
Како што пишуваат српските медиуми, две девојки биле физички нападнати од страна на баба и дедо. Не можеле да се помират со тоа дека нивните внуци ќе бидат сместени во друго семејство, па бабата решила да им се одмазди. За среќа, врабитените веднаш повикале полиција и ја пречиле старицата во нејзината намера.
Ова не е прв пат вработените од Ценатрот за социјална работа да се најдат на мета на незадоволните граѓани.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа