ВИДЕО: Турново не успеа - еве ги головите

Последниот македонски претставник на европската фудбалска сцена Хоризонт Турново, пропушти голема можност да го мине Хајдук и да се пласира во следната рунда од квалификациите за Лига Европа.

 
Откако на првиот дуел во Сплит, турновци загубија со 2:1, попладенево на арента Филип Втори во реванш натпреварот од 2.коло одиграа 1:1, недоволно да се пласираат во следната рунда.
 
Во првиот дел гостите од Сплит беа подобар противник но без ефект се до 60-та минута кога преку Мијо Чакташ, поведоа со 1:0.
 
Со влегувањето во игра на Сашко Пандев Хоризонт заигра далеку поопасно, а токму пандев во 70-минута го искористи одличното длабинско уфрлање од Балдовалиев за израмнување на 1:1.
 
Тоа дополнително ги подгреа надежите на македонскиот вице-шампион, а агресивната игра резултираше со две големи шанси за Блажевски кој во двата наврати излезе сам пред голманот Калиниќ, но, без ефект, па срезултатот остана непроменет 1:1, а со вкупни 3:2, Хајдук се пласира во 3-то квалификациско коло.
 
Со ова, заврши настапот на македонските екипи на европската фудбалска сцена.

најчитано сега