Над 80% пониска казна за невработените ако ги фатат на секс во парк

 

Се чини германците немаат голем проблеми, па се фатија да расправаат за тоа зошто невработените кои ќе бидат фатени на дело, како во некој берлински парк имаат секс плаќаат помала казна од вработените.

-Тоа дава погрешни импулси и го дели друштвото. И во градскиот превоз постои само еден ценовник со казни. Секој е одговорен за она што го прави и мора да излезе на крај со тие последици, реагираат од Сојузниот завод за работа, откако дознаа дека во германската престолнина, невработените кои се 'фатени на дело' на некоја клупа во парк, не ја плаќаат целата казна од 150 евра за нарушување на јавниот ред, туку само 34 евра.
 
Приказната за попустот за невработените кои имаат секс во природа, ја започна лондонскиот градоначалник Борис Џонсон, кој како што пренесуваат германските медиуми, ја пофалил убавината на Берлин. Џонсон се восхитувал на возачите кои со своите мерцедеси застануваат пред велосипедите, но и се смеел на тоа што за секс во парк нормална казна е 150 евра, а за невработените само 34 евра.
 
-Ако тоа не е дарежливост, тогаш не знам што е, изјавил лондонскиот градоначалник.

најчитано сега