Институтот за трансфузиона медицина одбележува 70 години постоење

 

Институтот за трансфузиона медицина на Република Македонија денеска одбележува 70 години од формирањето. По тој повод на Медицинскиот факултет ќе се одржи научна конференција, а вечер во новиот објект на Македонскиот народен театар ќе се одржи свеченост.

На конференцијата, на која ќе присуствуваат и трансфузиолози од странство, меѓу другото, ќе биде направен осврт на трансфузиолошката служба. Воведен говор ќе одржи директорката на Институтот за трансфузиона медицина д-р Емилија Велкова.

 
 
22.06.2016 - 08:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега