Навивачите на Хајдук протестираат - блокиран граничниот премин Блаце

Педесетина навивачи на хрватски Хајук кој дојдоа да го бодрат својот тим во мечот против Турново го блокирале меѓупросторот на граничниот премин Блаце откако не биле пропуштени на натпреварот во Македонија. Како што информира МВР, блокадата почанала околу 18 часот.
Фудбалерите на Хоризонт Турново не успеаја да направат чудо и да го елиминираат хрватскиот клуб Хајдук Сплит во второто квалификациски коло од Лигата на Европа. Откако пред седум дена на „Пољуд“ загубија со 2-1, на денешниот реванш во Скопје имаа сили само за да одиграат 1-1. Недостигаше еден погодок, за мечот да отиде во продолженија, како што беше во дуелот со литванска Судува, во претходното коло.  
На натпреварот имаше околу 200 хрватски навивачи, кои успеа да се пробијат на трибините.

најчитано сега