Возел пијан, без дозвола, предизвикал судар, бегал од полицијата и на крај го уништил скапоценото Ауди (ФОТО)
Возење под дејство на алкохол, без дозвола, предизвикување на два судари, обид за бегство од полицијата, барање на лажно алиби. Долга е листата на прекршоци кои ги направил 22-годишник од германскиот град Кајзерслаутерн.
Се почнало во неделата наутро кога полицијата се обидела да запре видно пијано момче со ауди а5 на излезот од паркингот од еден диско клуб.
Наместо да застане, момчето притиснало на гас, ја скршило рампата на паркингот и побегнало.
Неколку минути подоцна сведоци пријавиле сообраќајна несреќа неколку улици подалеку. Во главната улога било веќе споменатото момче со своето ауди а5.
Овој пат изгубило контрола над возилото при голема брзина, излетало од патот, скршило едно дрво и со скршено тркало завршило на пешачката патека.
Возачот излегол неповреден од оштетеното ауди, а кога еден минувач му понудил помош, тој побарал од него да сведочи дека не бил зад воланот.
Набрзо дошла полицијата и открила дека момчето нема возачка дозвола, дека возело со 1,95 промили алкохол во крвта. Одведено е на преглед во болница, а го очекува „богата“ кривична пријава.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа