Зголемено користењето на електронските услуги во здравството

Вкупно 16.721 осигуреник досега ги искористиле електронските услуги во здравството. 

Како што соопшти Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ), најкористена електронска услуга е онаа за заверка на ортопедски помагала. Ја искористиле 13.412 осигуреници кои поднеле документи преку матичните лекари и лекарите специјалисти по електронски пат.

Од воведувањето на електронските услуги, поднесени се и 1.022 барања за БПО, 1.078 извештаи за спреченост при работа, како и 1.209 предлог-оценки на привремена спреченост за работа

- Придобивките од електронските услуги кои ги воведе Фондот за здравствено осигурување се бројни и за осигурениците и за фирмите и за здравствените работници, при што нема трошење време и финансиски средства за да се оди до подрачната служба на Фондот. Можноста за увид во сопствениот предмет, дали е позитивно или негативно решен и кога ќе биде извршена исплатата доколку се работи за рефундација на средства, е исто така една од бројните придобвки од електронските услуги, наведува ФЗОМ.

Фондот изготви и видео туторијали - краток водич за поедноставно и точно информирање околу потребните чекори за користење на електронската услуга. Објавени се на веб страницата http://www.fzo.org.mk/default.asp?ItemID=03745AB41443004A8EAB9A0105914B95 или на линкот на Фондот на ју тјуб https://www.youtube.com/channel/UCXc5Hr1czS6RKf8-4CDFRVA.

- Фондот продолжува да работи на остварување на целта, е-Фонд, со цел осигурениците, овластените лица од компаниите, здравствените работници да добиваат ефикасна, навремена и професионална услуга кога им е потребна, стои во соопштението на ФЗОМ.

 
 
21.06.2016 - 11:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега