ВИДЕО: Манекенка и познат диџеј брутално претепани во хотел во Шпанија

 

Британски туристи во хотел во Магалуфа, Шпанија, биле брутално претепани од обезбедувањето откако жена фрлила пластична чаша кон еден од нив, пишува Дејли меил.

Во кратката снимка која се појави на интернет се гледа како жена во црно бикини е прилепена за подот од страна на обезбедувањето, а други двајца обезбедувачи го тепаат нејзиното момче.

На друштвените мрежи се појави информација за идентитетот на парот. Нападнатата жена е моделот Роби Хофман, а нејзиното момче е хардкор денс диџеј Алекс Хендерсон, попознат како Алекс Проспект.

Според наводите на сведоците, еден од обезбедувачите ја удрил жената откако таа фрлила пластична чаша кон него. Потоа реагирал и Хендерсон.

Во еден момент на снимката се гледа и како тројца обезбедувачи го удираат Хендерсон додека лежи на подот.

Хофман се здобила со неколку модрици и исеченици, а Хендерсон претрпел тешки повреди.

 
 
21.06.2016 - 10:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега