Народот застана контра СДСМ и СОРОС (ВИДЕО)

 

Долго најавуваниот протест на опозицијата за поддршка на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) се претвора во дебакл.

Тоа што може да се види на терен е слаб одзив главно на партиски активисти и вработени во општините каде локална власт е СДСМ, кои под притисок се донесени во Скопје.

Според информациите од терен, бројот на поддржувачи на СДСМ и СОРОС се движи околу 5.000, далеку помалку од очекувањата на партијата и долготрајната организација.

Иако СДСМ имале резервирано преку 150 автобуси, нивното членство во најголем дел одлучило да не даде поддршка на насилствата и деструкцијата, така што од партијата успеале делумно да исполнат само 90 автобуси. Дури и самите активисти признаваат дека со организација на општинските комитети допатувале во Скопје.

-Ние сме од Куманово, група со некаде од над 50 автобуси, вели кумановецот кој со организирани автобуси на СДСМ, пристигна во Скопје.

На прашањето како разбрале за протестот тој одговори:

-Преку Фесјбук, но имаме и контакт преку општински организации, си има контакти и многу порано се знаеше. Чекавме 18-ти да помине ултиматумот, затоа сега сме собрани како што знаете и сами во голем број, рече кумановецот.

Автобусите се паркирани на неколку локации низ Скопје на булеварите „Партизански одреди“ и „Митрополит Теодосиј Гологанов“.

На протестите се забележуваат и лица со фантомки, па голем дел од присутните почнуваат да се плашат дека се можни инциденти.

 
 
20.06.2016 - 20:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега