Ојлески е новото засилување на Металург

Еден ден по напуштањето на Вардар, ракометарот Гоце Ојлески потпиша двегодишен договор со Металург.

- Ојлевски е повеќегодишна цел на нашиот клуб и треба да помогне во ситуација кога Дејан Манасков закрепнува од тешката повреда на коленото. Тој е уште еден македонски репрезентативец во тимот на Металург, што е во рамките на нашата прокламирана политика за македонски Металург, соопштуваат од македоснкиот вицепрвак.

Новиот играч на клубот од Автокоманда задоволен што кариера ќе ја продолжи во клубн кој иднината ја базира врз играчи од Македонија.

- Со доведување на некои играчи во мојот поранешен клуб, станав непотребен и морав да го напуштам Вардар. Луѓето од Металург ме исконтактираа и брзо се договоривме. Знаејќи ја политиката на клубот во однос на македонските ракометари убеден сум дека нема да има никакви проблеми, а на мене е да се докажам на теренот. Дојдов во клуб со големи амбиции и одлични ракометари и среќен сум поради тоа, изјави Ојлески.

Новото крило на Металург во својата кариера настапувал за екипите на Струга и за Вардар ПРО. 

најчитано сега