Груевски со порака до иселениците: Бидете обединети и чувајте ги јазикот фолклорот и културата

Денеска претседателот на Владата на Македонија Никола Груевски ги поздрави македонските иселеници на Четврта конференција на иселеничките организации.

- Работете на врските со Македонија, бидете обединети, чувајте го јазикот, фолклорот и културата, им порача премиерот на македонските иселеници.

-Овој настан и сите други активности во кои е вклучена дијаспората, докажаа дека ниту време, ниту далечината не ве одвоија од Македонија, од своите огништа, роднини и пријатели. Врската е жива, таа постои, поврзаноста е силна, истакна Груевски и додаде дека Владата го оствари ветеното, дијаспората да има право на глас.

-Ние сме должни да го милуваме својот јазик и татковината, должни сме да ги одржуваме врските со дијаспората. Владата на РМ продолжува со подршката за Македонците насекаде низ светот, заврши премиерот.

На конференцијата која трае и утре учествуваат 117 претставници од 154 македонски иселенички организации од Европа, Австралија, Канада и од САД.

најчитано сега