Заеднички: Општина Цетар и Град Скопје расчистуват депонии

Општина Центар во соработка со Град Скопје и јавното претпријатие „Комунална хигиена“ почна со расчистување на дивите депонии и ѓубришта на јавните површини на територија на општината.

Акцијата почна од локацијата на Кале, односно од улицата што води од улица „Самоилова“ кон економскиот влез на Американската амбасада, каде што со механизација се исчистија околу 140 метри кубни отпад. 

Вчера е исчистен и делот под Калето по должина на кејот на реката Вардар, на потег од Управната зграда на Царината кон Железничкиот мост до автополигонот на Авто-мото сојузот каде се исчистени околу 10.000 м2 и собрани околу 200 метри кубни отпад.

Истовремено, се спроведува акција и низ другите заедници во општина Центар. Акцијата денеска ќе продолжи во Капиштец на улицата „Народен фронт“ и „Васил Ѓоргов“

најчитано сега