Бројот на загинати во железничката несреќа во Шпанија се искачи на 77 лица

Бројот на загинати лица во железничката несреќа во Шпанија се искачи на 77, додека 140 лица се повредени, а спасувачките екипи се обидуваат да спасат уште неколку лица кои се заглавени во превртените вагони.

Како што соопштуваат тамошните медиуми, супер брзиот воз кој сообраќал на релација од Мадрид до Ферол, излетал од шините во близината на Сантијаго де Компостела.

Шпанскиот "El Mundo" објавил дека од шините излетале сите 13 вагони, а во возот имало најмалку 200 патници!