Турска делегација во посета на Агенцијата за вработување на Македонија

Денеска делегација од Агенцијата за вработување на Турција предводена од генералниот директор Нусрет Језеџи престојува во посета на Агенцијата за вработување на Република Македонија. Станува збор за дводневна посета чија цел е да се утврдат целите од заеднички интерес на двете агенции со конкретно потпишување на договор за соработка.

На средбата со македонската делегација ќе се разговара за интензивирање на соработката, размената на експерти и за соработката со меѓународните организации.

 

 

најчитано сега