Груевски ќе се обрати на Четвртата Годишна конференција на иселеничките организации

Агенцијата за иселеништво на Македонија денеска во Скопје ја организира Четвртата Годишна конференција на иселеничките организации на која учествуваат 110 претставници од 155 македонски иселенички организации од Европа, Австралија, Канада и од САД. На собирот претпладнево ќе се обрати претседателот на Владата на Македонија, Никола Груевски.

На првиот работен ден ќе се обработува темата: „Чување и негување на македонскиот јазик и култура како и јазикот и културата на припадниците на заедниците во Република Македонија кои не се мнозинство, и поддршка на конкретни проекти и активности на иселениците и иселеничките организации од страна на надлежните државни органи“, додека вториот ден ќе биде посветен на темите за државјанство и избирачко право и организираност и поврзаност на иселениците од Македонија и нивните организации во светот и нивна соработка со Агенцијата за иселеништво на Република Македонија.

Четвртата годишна конференција на иселеничките организации, според најавата на организаторите, ќе ја затвори претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов со доделување одликувања и признанија за особени заслуги и достигнувања на физички и правни лица од иселеништвото, за афирмација на Република Македонија во светот во сите области на општественото делување. 

најчитано сега