Конкурс за доделување субвенции за творечки дејности
Денеска македонската министерка за култура, Елизабета Канческа-Милеска заедно со министерот за образование и наука Спиро Ристовски, ќе информираат за Конкурсот за доделување субвенции за творечки дејности на прес-конференција во МОН.
Субвенциите се наменети за творечките дејности реализирани во 2012 година од наставници и соработници на високообразовните установи од областа на ликовната уметност и архитектура, драмската уметност, музичката уметност, филм и книжевност.
ФОТО: Дневник