Од денеска нови цени на бензините

Бензините од полноќ поевтинија за половина денар, додека цената на дизелот остана иста.

Регулаторната комисија за енергетика ја донесе одлуката за малопродажните цени на нафтените деривати која стапи на сила од полноќ и важи во наредните две седмици.

Според последната одлука донесена вчера, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 0,50 ден/лит во однос на цената утврдени со Одлуката од 30.05.2016 година и со тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 63,50 ден/лит. Од друга страна, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 1,00 ден/лит во однос на цената утврдена со Одлуката од 30.05.2016 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 65,00 ден/лит. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), не се променуваат, односно остануваат на исто ниво како цените утврдени со Одлуката од 30.05.2016 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 50,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 38,50 ден/лит.

 
 
14.06.2016 - 08:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега