Пет лица се повредени во страотна сообраќајка на патот Гостивар-Кичево

Пред околу еден час на магистралниот пат Гостивар-Кичево се случила страотна сообраќајка во која се повредени најмалку пет лица, од кои две се потешко повредени.

До несреќата дошло кога се судриле автомобил марка "фолксваген голф 4" со италијански регистерски ознаки и "опел астра" со кумановски таблички.

Повредените биле веднаш пренесени во болница, а две лица поради сериозноста на повредите биле испратени на Клиниката во Скопје.

Полицијата врши увид на местото на настанот.