Претседателот Иванов утре на работна средба во Крањ
Претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, утре во Брдо кај Крањ, ќе учествува на средбата на лидерите од Брдо процесот.
На средбата, на која ќе присуствува и францискиот претседател Франсоа Оланд, како и претставници на Европската унија, лидерите на државите од Брдо процесот ќе дебатираат за клучните проблеми и можностите на регионот за интеграција во ЕУ.
Претседателот Иванов ќе се обрати на пленарната сесија на состанокот, а предвидени се и повеќе билатерални средби со учесниците на Брдо процесот.
На состанокот во Брдо ќе учествува и македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски.